Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Силјановска Давкова: Силата на една држава не е само во економијата и стандардот, туку во социјалниот капитал

„Државата мора да ги искорени сите неправилности и да ги заштити работниците.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Државата мора да ги искорени сите неправилности и да ги заштити работниците. Здруженијата да бидат непоколебливи, бунтовни и субверзивни , бидејќи кога гласовите ќе станат хор, тогаш моќта е поголема„ ваква порака денеска од Штип, упати претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова. Таа присуствуваше на осмата по ред  Текстилијада, манифестација чија единствена задача е унапредување на работничкиот интегритет и вреднување на трудот.

„Силата на една држава, на едно општество, не е само во економијата или во животниот стандард и технолошкиот развој, туку пред се во социјалниот капитал. Нема повредно нешто од човекот, во човечкиоте ресурси, во вредностите што ги делиме ние. Затоа јас посакувам да ја градиме Македонија ,како отворена, социјална држава без оглед на партиската идеологија и определба„ изјави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Сепак и во 21век, најголем дел од работниците во текстилната гранка, не ги остваруваат своите загарантирани работнички права. Се уште има исплата на плати под законскиот минимум. Ситуацијата воопшто не е добра и наместо за минималец, треба да се говори за плата за живот, посочуваат од здружението.

Реклама

„Секако дека не е добра. Имаме само неколку компании за коишто можеме да кажеме дека почитуваат Закон за работни односи, колективни договори, минимална плата. Имаме внатре синдикат, наш. Меѓутоа не мислам дека е добро и ова за покачувањето на минималната плата во јавниот сектор, мислам дека тоа не се одлуки, треба да се седне на маса, да се донесат одржливи решенија и да не се зборува за минимална, туку за плата за живот„ изјави Кристина Ампева, претседателка на Здружението „Гласен текстилец„.

Во Штип,текстилот е главна индустриска гранка и во неа работат околу 8000работници.

 „Текстилната индустрија е наш белег, белег на градот Штип и затоа имаме обврска како град да се бориме, текстилната индустрија да ја развиваме, а таа да генерира развој во нашиот град„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во чест на сите текстилни работници, денеска во Штип, свечено беше откриена и склуптурата „Зашиени емоции„ изработена од универзитетскиот професор и вајар, Никола Смилков.

Алескандра Ристевска