Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Сиљановска-Давкова за Алта банка: Немам никакви надлежности во постапките за дозволи, супервизија или воведување администрација во банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на надзорната расправа во Собранието за Алта банка изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на надзорната расправа во Собранието за Алта банка изјави дека шефот на државата нема законски надлежности во постапките за издавање или одземање банкарски дозволи, давање согласности, спроведување супервизија или воведување администрација во банка нагласувајќи дека сите тие одлуки се во надлежност на Народната банка.

Одговарајќи на прашањата на пратениците Соња Мираковска и Никола Мицески, Сиљановска-Давкова посочи дека независноста на Народната банка е уставна и законска категорија и дека ниту таа ниту нејзиниот кабинет учествувал во процедурите поврзани со Алта банка.

– Немам надлежност ниту за издавање, ниту за одземање дозволи, ниту за давање и повлекување согласности, ниту за банкарски супервизии, ниту за супервизорски мерки, ниту за воведување администрација во банка. Сите овие прашања се во надлежност на органите на Народната банка – истакна претседателката.

Реклама

Во однос на нејзиниот предлог Трајко Славески да биде избран за гувернер, Сиљановска-Давкова рече дека одлуката ја донела самостојно, врз основа на неговите професионални и академски квалификации.

Таа нагласи дека пред да го достави предлогот разговарала со повеќе експерти од областа на економијата и банкарството, поранешни гувернери, професори и претставници од академската јавност.

– Не само што кандидатот Трајко Славески ги исполнува законските услови, туку е професор со четири децении искуство, со значајна академска и меѓународна кариера… Основната причина за мојот избор беа неговата стручност, компетентност и професионален интегритет – истакна претседателката.

Таа ги отфрли тврдењата за каква било поврзаност меѓу нејзиниот предлог за гувернер и влезот на Алта банка во земјата оценувајќи ги таквите наводи како „бизарни“ и „бесмислени“.

Во одговорот до пратеничката Мираковска, претседателката потенцира дека предлагачката улога на шефот на државата при избор на гувернер не создава хиерархиски однос меѓу претседателот и гувернерот.

– Претседателот предлага, Собранието избира. Гувернерот не одговара пред претседателот што го предложил, туку постапува во рамките на своите уставни и законски овластувања и е одговорен пред Собранието – појасни Сиљановска-Давкова.

Според неа, можноста претседателот да се појави во постапка поврзана со Народната банка би постоела единствено во евентуална постапка за разрешување на гувернерот, а не во процесите на одлучување и работење на централната банка.