Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО.

Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, нагласувајќи дека градот претставува пример за почитување на различностите и соживот.

Таа посочи дека посебно ја интересирало како независниот градоначалник, кој добил поддршка од граѓани со различна политичка и етничка припадност, успева да придонесе за намалување на поделбите и за обединување на заедницата околу заедничките интереси.

Реклама

Според претседателката, разговорите биле насочени кон реалните проблеми на граѓаните и кон обврските што државата и локалните власти ги имаат во однос на зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион во рамки на УНЕСКО. Како што изјави претседателката по средбата, неопходно е институциите на локално и централно ниво да дејствуваат координирано за да ја искористат доверената можност и да ги спроведат обврските што произлегуваат од одлуките на УНЕСКО.

– За мене една од важните причини е како да се соочиме со можноста во овие пет години да ја искористиме довербата и шансата што ни е доверена од УНЕСКО. Градоначалникот на Струга има многу важна улога, како и градоначалникот на Охрид, Министерството за култура и другите министерства, односно државата – рече Сиљановска-Давкова.

Таа кажа дека ја интересирале приоритетите и првите чекори што локалната власт ги гледа во процесот на заштита на регионот, нагласувајќи дека како претседателка, но и како граѓанин, е особено загрижена за состојбата со Охридското Езеро и поширокото подрачје.

Според неа, Охридскиот регион претставува редок пример на заштитено подрачје во кое не е вреднуван само еден објект или локалитет, туку целокупната природна и културна околина.

– Не можеме тука без соработка да направиме нешто што е неопходно, да си го заштитиме регионот, Струга, Охрид, но и статусот што многу значи – истакна претседателката.

Во разговорите, како што наведе, било отворено и прашањето за соработката со Албанија во заштитата на езерото, при што посочила дека соседната држава во изминатиот период презела сериозни мерки од кои може да се извлечат важни поуки.

– Езерото нè обединува и не треба да нè разединува. Голем мост може да биде токму обединувањето на сите сили околу заштитата. Исполнувањето на обврските што ги добивме од УНЕСКО е наша должност кон природното богатство и кон урбаното наследство, кое нè прави препознатливи и го подобрува квалитетот на животот – нагласи Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека е потребно што поскоро да се воспостави ефикасен механизам за координација меѓу институциите, по примерот на решенијата што ги применува Албанија, со цел следните пет години да бидат искористени за конкретни резултати во заштитата на Охридскиот регион.

За градоначалникот Ќура, Рамковниот договор останува темел на соживотот во Македонија и дека токму затоа ова прашање било во фокусот на средбата.

-Веруваме дека повторно отвораме нова страница и нова ера во Струга, каде што се живее добро, се живее заедно и заедно се слават успесите во спортот, културата и другите манифестации што овозможуваат подобар живот за сите граѓани – порача Ќура.

Тој ја посочи потребата од посериозен пристап кон исполнувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион и нагласи дека треба посериозно да се пристапи кон решавање на обврските што треба да се решат во однос на УНЕСКО.