Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на поранешниот претседател Борис Трајковски и на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, по повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, на Градските гробишта Бутел во Скопје, цвеќе положија и делегации на Собранието и Владата, предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Почит на тројцата државници им оддадоа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, судската власт, дипломатскиот кор, политичките партии, како и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини и членови на семејството Кљусеви.