Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се одржа јавна расправа на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

Посочувајќи дека жените од руралните средини, како и ранливите категории на граѓани, повеќекратно се соочуваат со нерамноправност и дека нивната инклузија на пазарот на труд е хроничен проблем, претседателката се осврна на бариерите, клучните проблеми и предизвици со кои тие се соочуваат и повика на преземање на конкретни мерки од страна на државните институции, но и приватниот сектор, со цел нивно редуцирање и отстранување.

Потенцирајќи дека нивната инклузија не претставува само морален, туку и економски императив, таа истакна дека жените од руралните средини претставуваат неискористен извор и неисцрпен потенцијал за одржлив развој, и нивното невклучување во пазарот на трудот се одразува не само врз економскиот раст и развој, туку и врз иновациите.

Реклама

„Токму жените во руралните средини се столбот на заедницата во која живеат. Кога велам заедницата, не мислам на семејната заедница, мислам на социјалниот амбиент. Не само што имаат клучна улога, туку се неверојатно иновативни во земјоделството, притоа не го запоставуваат семејството, имаат смисла за локалната економија и имаат едно чувство за право и за правда, кое можеби звучам себично, но мислам дека е поизразено одошто кај мажите“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Меѓу клучните проблеми, претседателката ги посочи инфраструктурата и нерамномерниот регионален развој, немањето редовен превоз, недостигот од градинки, ограничениот пристап до здравствени услуги и до квалитетно образование. Таа истакна дека инвестициите во овие области се неопходни за жените од руралните средини да можат да ги балансираат работните и семејните обврски, како и сите други, и да бидат рамноправни со жените во урбаните средини.

„Низ призма на образованието голем дел од жените сè уште се ограничени и не е многу пријатно чувството човек да рече дека, сè уште девојчињата од руралните средини понекогаш имаат проблем со заокружување на образованието. Без соодветно образование тие не се компетитивни како мажите, или ако сакате, лишени се од нормалниот пат на стекнување вештини, кои се бараат при формалното вработување, или кои се потребни за да отпочнете сопствен бизнис. Затоа потенцирам, обезбедувањето на пристап до квалитетно образование треба да биде приоритет зошто тоа ќе ги направи посилни, ќе им овозможи поинаков пат за напредување, кој можеби и не го замислувале“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Како важни алатки за надминување на јазот помеѓу руралните жени и пазарот на труд, како и за вклучување во глобалната економија, претседателката ги нотираше технологијата, нивно обучување и оспособување за користење на дигиталните платформи и поголеми можности за работа од далечина.

Повикувајќи се на темелните вредности од Уставот, таа посочи дека нашата обврска за правда, правичност и недискриминација се однесува кон сите, вклучувајќи ги и руралните жени и ја потенцираше важноста од нивно охрабрување, промовирање на жените-лидери од овие средини и создавање на политики за севкупна инклузија.

Во таа насока, претседателката истакна дека и компаниите треба да се охрабрат да вработуваат обучени жени од руралните области, а државата да создава услови за тоа и да го креира амбиентот.