Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Сиљановска Давкова: Во 2025-та мирот да биде главната опција

„Посакувам во 2025 мирот да биде главната опција и годината што доаѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Посакувам во 2025 мирот да биде главната опција и годината што доаѓа да биде година на мировни процеси, порача претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Претседателката  и Врховен командант на Вооружените сили, заедно со Началникот на Генерал штабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на првиот ден од новата година ги посетија припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански„ во Штип.

  „Она што денеска најмногу ме загрижува е што војуваат европски држави. Украина и Русија. Се надевам дека 2025 ќе биде година во која местото кадешто треба да се решаваат проблемите, Њујорк, Обединетите Нации, навистина ќе биде искористено. Се разбира јас, многупати сум рекла и ќе повторам дека мирот и безбедноста, во најголема степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, која е почитувана и компатибилна со останатите, иако е мала. Таа е најголем гарант за нашиот мир„ изјави претседателката, Гордан Сиљановска-Давкова.

И годинава по повод новогодишните празници претседателката, донесе одлука за помилување на седум осуденици.  Еден од нив  потполно, а  останатите шестмина, делумно се ослободени од понатамошно извршување на казната. Сепак, според Сиљановска, потребно е да се изготви нов Закон за помилување, кој ќе биде модерен и со воспоставен систем.

Реклама

  „Сегашниот Закон, после неколкуте одлуки на Уставниот суд и не е Закон, во вистинска смисла. Нема систем. Нам ни треба еден модерен Закон за помилување, во којшто повторувам суштината ќе бидат луѓето, затвореници. Бидејќи помилувањето не е квази казна, туку разбирање и отварање на пат за некој друг живот„ изјави претседателката, Гордана Сиљановска -Давкова.

При посетата на штипската Касарна претседателката, Сиљановска, направи обиколка на дел од единиците на Армијата и присуствуваше на тактичко-техничкиот збор организиран од Вториот пешадиски баталјон.

Александра Ристеска