Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Сиљановска Давкова следната недела ќе го додели мандатот за состав на новата Влада

Лидерот на партијата која има мнозинство од 61 пратеник во парламентот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на партијата која има мнозинство од 61 пратеник во парламентот ќе го добие мандатот. На изборите како што вели претседателката Сиљановска Давкова  има еден победник кој ги избира коалиционите партнери. Според неа, мнозинството е веќе видливо и во него нема место за интегративците и Али Ахмети.  До7 јуни, шефицата на државата ќе му го додели мандатот на Христијан Мицкоски за состав на идната влада.

Се разбира дека  е политички, етнички, демокртски здраво да вкучите во владата албански партии и тоа мадатаратот ќе ги направи . Мнозинство има  оној што има зад себе 61 пратеник и се разбира јас посакувам во иднина при креирањето на владите одлучувачки да бидат програмите односн идеологијата, оти тешко можете да мешате вода и масло треба да се програмите компатибилни за да може да се направи заедничка програма и тогаш навистина да имаме реформи-вели  Гордана Сиљановска Давкова

За Преспанскиот договор и осносите со Грција,  Сиљаноска Давкова има план за градење на добрососедски односи ,нудење но и барање  почит.  Како што вели тоа не се само македонски проблеми, туку и реагионални и европски. Повтори дека Македонија е дел од Европа и географски и историски и културно, и дека е редно време да биде и политички. Останувањето долго во чекалната на ЕУ не е здраво како што рече претседателката ниту за нас, ниту за Регионот , ниту за Европа.  Македонската претседателка ги искоментира и заканите на Грција вмешувајќи го и меѓународниот суд.

Реклама

На истиот тој Меѓународен суд ние бевме со Грција веќе и тој ист Меѓународен суд пресуди во однос на кршењето на членот 11 од привремената спогодба која е исто така меѓународен договор.Не верувам дека веднаш ќе се оди на суд, има градација во преспанскиот договор прво се укажува, се разговара, се адресира прашањето до ООН потоа се оди на судот.Иначе пресудите на судиот треба да важат ерга омнес но тоа не се случи за жал во нашиот случај “-рече Давкова

И покрај меѓународниот притсок Сиљановска Давкова ќе продолжи да  ја игнорира придавката „Северна“ во јавните обраќања и ќе го користи само терминот Македонија. .Со тоа според неа не се прекршува преспанскиот договор, а а личната определба како што рече  е право загарантирано со повисоки акти од билателарните договори.

Росица Голабоска