Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на „Поддршка за Кочани“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на неформалната група на млади „Поддршка за Кочани“.

Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред!

Младите од Кочани презентираа бројни идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето како: отворање дисперзирани студии по информатика, екипирање и опремување на противпожарната служба, реновирање на болницата и кадровско дополнување, отворање на младински центар, во којшто, покрај индивидуални и групни терапии во функција на психолошка подршка, би се организирале бројни работилници на важни теми за младите и многу други. Веруваат дека младите преку дружење и заеднички активности побрзо и полесно ќе ја надминат траумата од катастрофалната трагедија.

Реклама

-Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата, рече Сиљановска-Давкова.

Таа изрази поддршка за досегашните активности на „Поддршка за Кочани“, како и подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Исто така, го потврди ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската нерамноправна битка меѓу животот и смртта, како непресушен извор и инспирација на храброст и хуманизам.

Кочани не смее да остане симбол на смрт и болка, туку тагата треба да ја трансформираме во херојска борба за ново Кочани, смета таа.