Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Сиљановска-Давкова на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите, што во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) и Универзитетското студентско собрание – УКИМ, се одржа во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека студентите се промотори на критичката и слободна мисла, дека тие се Хермес на промените.      

„Вие имате привилегија, но и одговорност, да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто“ нема напредок. Без вашето сомневање нема вистина. Вие го движите општеството, оти ве красат интелектуалната  љубопитност и страст, без кои нема реформи“, рече Претседателката. Таа истакна дека амфитеатрите и библиотеките се интелектуални арени за жестоки и за плодни  дебати, низ кои се манифестира и обликува критичкото мислење, нивните прашања се подеднакво важни како и нивните одговори, а нивната храброст да размислуваат поинаку го турка светот напред.

Реклама

„Студентскиот живот ви овозможува да учите, но и да ги предизвикате учителите на интелектуален двобој!“, нагласи Претседателката додавајќи дека студирањето не е само академска потрага, туку и битка за вредности, соочување со реалноста и формирање на карактерот.

Претседателката им порача на студентите да не се откажуваат од младешките предизвици.

„Не плашете се од неуспехот зашто тој е само неминовен чекор кон успехот. Спорете со конечните вистини. Зачувајте ја младешката смелост и бунтовниот дух, тие се најголемите сојузници на прогресот“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот поздравно обраќање имаше Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело, а се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите под наслов „Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите“ што се одржа од 17 до 19 ноември, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одржа саем на студентски и младински организации, а во Ректоратот на УКИМ се одржа институционален дијалог. Свечениот настан вчеравечер содржеше целовечерна културна програма со цел вмрежување и забава, а беше лансирана и платформата за студентска работа  „Линкер“.

Меѓународниот ден на студентите се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убиле 20 чехословачки студенти што протестирале против окупацијата.