Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 38. Охридски пливачки маратон

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им ги додели наградите на победниците врз основа на регистрираните резултати во моментот на прекинот на натпреварот.

Како што потсетија од нејзиниот Кабинет, на оваа престижна меѓународна спортска манифестација којашто по 38-ми пат се одржа во Охрид во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука, додека победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.

Сиљановска-Давкова им честитала на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух. Таа им посакала добро здравје и нови спортски успеси.

Реклама

На патеката „Климе Савин“, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави: десет во машка и шест во женска конкуренција, меѓу кои, четворица македонски натпреварувачи.