Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конститутивната седница на Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конститутивната седница на Советот за млади, што е формиран како повремено работно тело со цел да ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите во насока на унапредување на нивната положба во општеството.

Во своето обраќање, претседателката оцени дека Советот отвора уште една порта за младите, како можност да се чујат нивните мислења, да критикуваат и советуваат. Потенцирајќи ја стручноста и компентеноста на членовите, таа посочи дека Советот има човечки и творечки потенцијал да придонесе во креирање на младинските политики преку своите активности, идеи и предлози.

Посочувајќи дека сите ние треба да се грижиме за младите и да ја направиме државата пристојно место за живеење, таа ја потенцираше неопходноста да го спречиме егозодусот на младите, со тоа што битката за најумните и најобразованите ќе ја водиме овде.

Реклама

„Само ако ја управуваме сегашноста ќе може да влијаеме на иднината. Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите“, порача претседателката на седницата на Советот.

Претседателката Сиљановска Давкова ги охрабри членовите на Советот отворено да разговараат и дискутираат за проблемите и предизвиците со кои се соочува општеството, да изнаоѓаат креативни решенија и даваат предлози за нивно надминување.

На конститутивната седница беше усвоен Деловникот за работа и беше дискутирано за идните настани и активности. 

Претседателката на Советот за млади, Лина Рангелова, изрази очекување дека Советот ќе има суштинска улога и дека заеднички ќе изградат простор каде нивните идеи ќе се претвораат во дела. Членовите се заблагодарија за можноста, укажаната чест и доверба да бидат дел од Советот за млади и изразија подготвеност да придонесат во креирање на квалитетни младински политики.