Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Сиљановска-Давкова во пресрет на изведбата на „Кармина Бурана“ од филхармониите на Скопје, Софија и Солун: Културната дипломатија е една од највредните инвестиции во добрососедските односи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на прием во Gрчката амбасада, организиран по повод изведбата на „Кармина Бурана“ од оркестарот на нашата Филхармонија, заедно со музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун и Софиската филхармонија. Во пресрет на вечерашниот концерт, како што објави претседателката на Фејсбук, ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на прием во Gрчката амбасада, организиран по повод изведбата на „Кармина Бурана“ од оркестарот на нашата Филхармонија, заедно со музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун и Софиската филхармонија.

Во пресрет на вечерашниот концерт, како што објави претседателката на Фејсбук, ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците од трите соседни земји околу едно од највпечатливите дела на класичната музика.

-Особен културен печат на настанот му даде настапот на младите хористки од музичкото училиште во Солун, со извонредната интерптетација на неколку грчки песни. На приемот присуствуваа и млади музичари од Кочани, кои веќе се закитиле со неколку награди за извонредното музицирање. Културната дипломатија е една од највредните инвестиции во добрососедските односи! – посочува во објавата претседателката Сиљановска-Давкова.

Реклама

Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечер од 21 часот во Градскиот парк на концерт насловен „Филхармонија на отворено“ во Скопје ќе настапат со заедничкиот проект – музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која заедно ја изведоа и во Софија и Солун. 

Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Ќе го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата сопранистка Ана Дурловски,  тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.

На концертот ќе учествуваат и Националната опера и балет, хорот на Музичкото училиште во Солун и Детскиот хор „Пиколо“.