Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, Парламентот, на раководни функции во органи на централната власт“ за периодот 2020  -2025 година.

Сиљановска-Давкова, како што информира нејзиниот Кабинет, ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите.

Според неа, ревизијата овозможува објективно утврдување на состојбите, како предуслов за изготвување квалитетни и издржани препораки за добро управување.

Реклама

Претседателката посочи дека во нејзиниот Кабинет мнозинството вработени и на раководни позиции, се жени. Во врска со нејзините надлежности, таа укажа дека: има жена Аѓутант; за прв пат после 30 години на чело на Агенцијата за разузнавање е жена; во Советот за безбедност е именувана жена; во Комисијата за одликувања и признанија од вкупно 11 члена 6 се жени, додека во Комисијата за помилување од вкупно 7 члена, 4 се жени меѓу кои и претседателката на комисијата; во Советот за млади има паритетна застапеност и двата предложени члена за Судскиот совет се жени. Од друга страна, од 2020 до 2025 година се именувани 14 жени амбасадори, што говори за недоволна застапеност на жените во дипломатијата.

За Сиљановска-Давкова, клучни причини за родовата нееднаквост се: постоењето на патријархалната политичка култура, партизација и политизација на институциите, отсуството на внатрепартиска демократија и машка доминација на највисоките партиски и министерски функции.

Соговорниците се согласија дека родовата рамноправност води кон порепрезентативни институции, коишто носат балансирани одлуки и креираат политики што ги одразуваат пошироките потреби на општеството.

Според нив, почитувањето на родово неутралните квоти не смее да биде на штета на професионализмот и стручноста.

Ревизорите сметаат дека е потребен нов закон за државна ревизија и ревизорските извештаи да имаат правно обврзувачка сила.