Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Сиљановска-Давкова од Загреб: Во Македонија граѓаните имаат јасен став, речиси 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, а приближно 70 отсто се за членство во ЕУ

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, речиси 80 отсто не сакаат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, речиси 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но приближно 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб.

Посочи дека историјата покажува оти земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го смени своето име.

Претседателката нагласи дека во дипломатските односи често се посочува оти договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот.

Реклама

Додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.

Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниеден збор за уставни измени потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламентот.

– Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата. 

Поради ова, како што рече Сиљановска-Давкова, експертите, вклучително и Венециската комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.