Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Сиљановска-Давкова: Бугарија да се извини, да дојде во Треблинка и да побара прошка за македонските Евреи

Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, побара претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Полска. Таа ја предводи делагацијата за комеморацијата македонските Евреи во Требллинка. „Државна и човечка должност е да сме тука и да оддадеме почит на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта во 1943 година“ рече Сиљановска Давкова и порача „да не дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи“.

„Тие кои не го сториле ова зло, ама некои нивни предци го сториле, треба како Вили Брант сите да се поредат овде на колена и да им се извинат на сите луѓе. Тоа се однесува и на оние кога и кои ги испратиле овде ги збркале од дома македонските Евреи. Ама можеби и сите ние треба да го направиме истото, ветувајќи дека нема да дозволиме такво нешто повеќе да се случи, но и нема да дозволиме болната и тешка меморија некој да ни ја избрише“, изјави претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Комеморацијата во Полска ја организира Холокаустот на македонските Евреи од Скопје, чиј директор Садикаријо рече дека должност е да се чува вистината за македонските Евреи депортирани во Треблинка пред 83 години.

Реклама

„Стоиме овде за да им да-одадеме почит на оние чии животи беа насилно прекинати. Да се поклониме пред нивната тишина, пред нивните неисполнети соништа и пред нивните имиња кои вечно одекнуваат низ овие камени споменици. Нашето присуство тука е наша должност, наша обврска и мисија да ја чуваме вистината недопрена и да ја пренесеме на идните поколенија“, изјави Горан Садикаријо – директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Од 2008 година во треблинка има и спомен обележје Македонија.

„Во октомври две илјади и осмата година, по повеќе децении со голема заложба на сите инволвирани во реализацијата на М– на меморијалниот центар и голема поддршка на Република Полска, нејзините државни институции, меморијалот Треблинка и неговото раководство и секако амбасадорот на Полска во Македонија, господинот Карол Бахура, конечно во трајната поставка се стави и споменобележјето Македонија, од која на 11 март четириесет и третата година тогашниот бугарски окупатор депортираше во смрт седум илјади сто четириесет и четири Евреи“, изјави Рашела Мизрахи – Еврејска заедница во Македонија.

Историчарите потсетија и порачаа никогаш да не се заборави и да не се повтори депортацијата на македонските евреи во логорот на смртта.

„Без трунка емпатија, сожалување или би-било какво сочувство, бугарските наци-фашистички окупаторски џелати од Битола, Скопје, Штип ги собраа и ги транспортираа Евреите во привремениот концентрационен логор во Но– во Монопол во Скопје, од каде во три транспорта на 20ти, 25ти и 29ти март четириесет и трета година беа испратени во концентрациониот логор на смртта Треблинка на територијата на Полска“, изјави Тодор Чепреганов историчар.

Македонските Евреи кои дојдоа тука беа целосно уништени. Никој не преживеа. Со години не се знаеше што се случило, бидејќи Треблинка, со толку малку преживеани, имаше многу мал број луѓе кои можеа да зборуваат за тоа“, изјави Мајкл Беренбаум – креатор на постојната изложбена поставка во МЦ на холокаустот на Евреите од Македонија.

Секоја година, секој 11 март кај нас се одржуваат комемоеативни активност во спомен на жртвите од холокаустот на Евреите од Македонија.