Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“.

За членовите на одборот, како што се наведува во соопштенито на претседателскиот кабинет, именувањето е заслужено признание за исклучителниот придонес на диригентот Ванчо Чавдарски во развојот и афирмацијата не само на македонската музичка култура, туку и на светската, со оглед на неговото диригирање со познати оркестри во реномирани концертни сали.

-Реализацијата на идејата, сметаат ценетите уметници, ќе биде чин на национална грижа за ликот и делото на Чавдарски, во кого гледаат голем културен македонски амбасадор и врвен музички профил. Во својата аргументација, тие се повикуваат на слични компаративни примери и искуства во регионот, но и пошироко – се вели во соопштението.

Реклама

Сиљановска-Давкова изразила разбирање за иницијативата, низ призма на потребата од почитување и негување на националното и светско музичко културно наследство, како и почитта кон уметничките великани, со неспорен и препознатлив музички придонес, којшто инспирирал многу генерации диригенти.

Иницијативниот одбор е составен од познати уметници, музички педагози, академици, универзитетски професори, културни работници и јавни дејци, кои со своето професионално и општествено ангажирање придонесуваат за зачувување и афирмација на македонската културна традиција и вредности.