Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин во Братислава. Споменикот е поставен под замокот Девин, на сливот на реките Дунав и Морава на 17 ноември 2005 година и е дело на словачкиот скулптор Петер Месарош. Според авторот, металната решетката ја […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин во Братислава.

Споменикот е поставен под замокот Девин, на сливот на реките Дунав и Морава на 17 ноември 2005 година и е дело на словачкиот скулптор Петер Месарош. Според авторот, металната решетката ја симболизира надминатата пречка на патот кон слободата, додека трагите од куршуми на портата ги претставуваат жртвите на Железната завеса.

Во рамки на посетата на Братислава, македонската претседателка оствари средби со претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Реклама

Утре, претседателката ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.