Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сиљановска‑Давкова: Нашата Армија е компатибилна и почитувана и дома и надвор

Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана не само дома туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, и мојата поддршка. Јас имам што да бранам, што да фалам, што да заштитувам и имам во што да верувам – истакна денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска‑Давкова, по долгото реферирањето за борбената готовност на Армијата за 2025 година. 

На состанокот на кој присуствуваа министерот за одбрана – Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал‑мајор – Сашко Лафчиски, генералите од Армијата и претставници од кабинетите на претседателката и министерот, Сиљановска-Давкова посочи дека долгиот состанок не е случаен, туку ја изразува сериозноста на Армијата, при што детаљната презентација потврдила дека Армијата, како што рече, ужива највисок углед во државава.

Како врховна командантка, таа истакна дека добила целосен увид во состојбите и дека се докажало оти навистина ние сме компатибилни и компарабилни со сите армии. Претседателката посочи дека високата доверба на партнерите се гледа преку учествата во меѓународните мисии и големите вежби нагласувајќи дека годинава имавме на Криволак учество од 2.000 учесници.

Реклама

Како посебно значаен момент од денешната презентација Сиљановска‑Давкова ја истакна и, како што ја рече, силата на воената дипломатија, при што додаде дека нема мисија во која ние не сме биле оценети извонредно не само регионално туку и пошироко. Таа ја посочи одличната соработка со армиските структури на Грција и на Бугарија како пример за ефективна воена дипломатија.

Во однос на буџетските издвојувања за одбраната, претседателката нагласи дека во планирањето се забележува извонредна селектираност и квалитативна и стратешка рамка.

– Се разбира, мене ме интересираа издвојувањата од буџетот бидејќи тие се многу важни, но гледам дека и тука има една извонредна селектираност. Квалитативна рамка, ова е стратешка рамка, но поголеми се квалитативните од квантитативните цели, што значи дека ние можеме да очекуваме исчекори – истакна претседателката.

Во контекст на партнерствата, Сиљановска‑Давкова рече дека станало јасно зошто сме почитуван стратешки партнер на Соединетите Американски Држави посочувајќи дека најголем дел од активностите се со нив, но и дека исто толку активности имаме и со ЕУ-партнерите. Таа ја повтори својата позиција дека пристапот треба да биде не или-или, туку и-и“.

Осврнувајќи се на застапеноста на жените во Армијата, претседателката посочи дека нивното учеството е речиси 24 отсто и дека целта е да достигнат 30 проценти. Притоа истакна дека застапеноста е поголема во офицерскиот состав одошто во подофицерскиот и дека е потребно зголемување на подофицерскиот контингент. Таа најави залагање за формирање „национален центар за извонредност на жените во Армијата“, кој може да прерасне и во регионален центар.

Реферирањето го одржа началникот на Генералштабот, генерал‑мајор Сашко Лафчиски, кој ја запозна претседателката со реализираните задачи и постигнувањата на Армијата во текот на годината во областите персонал, обука и вежби, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на силите, модернизација и опремување, како и буџет и финансии.

Како што соопштија од ГШ на АРМ, генералот Лафчиски истакнал дека Армијата е подготвена целосно да ја изврши својата уставна улога – одбрана на Републиката, заштита на територијалниот интегритет и независноста и исполнување на националните и меѓународните обврски, меѓу кои и придонесот во колективната одбрана, меѓународните операции и заштитата на националните интереси.

Информира дека Армијата во изминатата година успешно ги реализирала сите планирани и доделени задачи, при што бил нагласен високиот степен на подготвеност на припадниците, напредокот во модернизацијата и опремувањето, како и значајната улога на македонските мировници во зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.

Според Лафчиски, борбената готовност е на потребното ниво и дека Армијата ќе продолжи да ја подобрува преку исполнување на планот за модернизација и опремување, континуираната обука и вежби дома и во странство, како и преку исполнување на пакетот цели на способности за 2025 година, кој е еден од приоритетите во рамките на НАТО.