Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Шутаров за Алфа: Културната дипломатија е најдобар начин да се релаксираат односите меѓу Скопје и Софија

Кога односите помеѓу две држави се студени и замрзнати културната димпломатија е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога односите помеѓу две држави се студени и замрзнати културната димпломатија е најдобиот начин да се релаксираат релациите помеѓу Македонија и Бугарија вели димпломатот Васко Шутаров кој повеќе од пет години го раководеше македонскиот културно-информативен центар во Софија. Тој го поздрави потегот на макеоднската претседателкат Сиљановска, да присуствува на оперската претстава „Набуко“.Според него, оваа нејзина посета на Софија треба да се смета за историска,  затоа што културата најбезболно ги “лечи” раните.

Претседателката токму во едни такви месеци и години во којшто односите, па и во културата понекогаш ни се студени го направи она што е најприродно и нај добро за еден политичар што разбира од културна дипломатија.За жал во културата, во дипломатијата и во меѓународните односи посотојат и луѓе кои секојдневно се среќаваме и кои имаат тврдо уво за култура. Фридрих Ниче велеше дека Животот без култура и музика е грешка, а во политиката посебно во дипломатијата без културата и без музиката како што е Набуко од Џузепе Верди е исклучителна грешка. Потегот на Сиљановска go поддржувам и сметам дека оваа посета ќе се смета за историска посета на еден македонски претседател” – вели професорот и дипломат Васко Шутаров.

Шутаров оценува дека најприроден начин е преку културата и убавите нешта, без директно политичко мешање, да се нормализираат и зближат двете држави и двата народа. Но и покрај тоа смета дека официјална Софија не ја разбрала вистинската порака на “Набуко”.

Реклама

“Нашите домаќини од Софија, овојпат не ја разбраа сосем пораката на “Набуко”.Таа е една од оперите којшто секогаш се носела во исклучително политички зовриени години во историјата, и секогаш носела надеж за иднината и надеж за помирување” – вели Шутаров.

Инаку, ова е прва средба на Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Се очекува и повратна посета од претседателот на Бугарија, но кога тоа би се случило датумот не е утврден, двајцата колеги одредедиле околу што би можело да биде доаѓањето.