Реклама
Македонија

Што донесоа за Македонија двете години на Димитар Ковачевски?!

Две години години и 10-тина дена, толку ќе остане запишано името на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години години и 10-тина дена, толку ќе остане запишано името на Димитар Ковачевски како премиер на Македонија. А што доби Македонија во двете години на шефување на кумановецот кој од заменик минстер за финансии стана премиер на македонија? Доби најлош извештај од Европската Комисија последниве години, пораки дека корупцијата ни е и повеќе од горлив проблем, довербата во правосудството падна под пет проценти, штрајкуваа речиси сите во државава.

Додека Ковачевски се обидуваше да се претстави како многу успешен премиер, розевиот свет на моменти му го рушеа обичните граѓани, кои на своја кожа најмногу го осетија драстичното зголемување на цените на основните животни намирници. Премиерот вина наоѓаше на секаде, само не во својот двор. Па неколку пати повторуваше дека сите проблеми ни доаѓаат поради војната меѓу Русија и Украина.

-Вака да ви кажам, цениве се до плафон, значи со два денари макарони и јајца денар на 99 денари, сега ги замрзнавте цените. Значи што е тоа поевтино? Значи стварно некако многу тежок дојде животот, па ниту лекарства може да купиме ниту…, кажа револтираната жена.

Реклама

-Прво точно е дека цените беа многу зголемени, затоа што има војна во Европа се води и секаде се зголемени, кажа Ковачевски.

Економската криза, односно драстичното поскапување на цените на сите основни продукти, премиерот се обиде да го искористи и во маркетинг цели, низ скопските маркети се фалеше дека знаел да прави палачинки.

-Јас ќе бидам тука и ќе отидам и кај Сафко на тезга и кај комшиите, кажа Ковачевски по пазарењето.

-Види Крешник, сега ќе земам брашно и јајца ќе видиш палачинки кој прави најдобро, се пофали премиерот.

Во неговиот мандат се случи и скандалот со Онкологија. Се откри дека болни од рак биле лекувани со физиолошки раствор, а лековите продавани на црниот пазар. Ковачевски и во овој случај најде начин да се фали самиот себе.

-Се работи за наводи кои што се грозни и кои што не смеат да се случуваат, а за кои што наводи сме слушале во текот на изминативе 20 години. Ова е прв пат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела, изјави Ковачевски.

Во мандатот на Ковачевски се случи и скандалот со Судскиот совет, од странците добивме пораки дека правосудството на еден начин ни е катастрофа. Меѓународниот фактор нотираше и дека сме лоши на полето на корупцијата. И тука Ковачевски најде вина кај сите обични граѓани, не кај власта.

-Кога зборуваме за борба против корупција, јас не мислам само на корупција на високо ниво, туку на корупција на сите нивоа во општеството. Значи, од најнискиот шалтер во општеството во некоја локална самоуправа до највисоки нивоа на корупција, изјави Ковачевски.

Ковачевски како премиер сигурно ќе остане запаметен и по својата самоувереност, беше сигурен дека е добар во речиси се, па дури и дека ќе ги истурка уставните измени со поддршка од сите пратеници во Собранието.

-(Значи и да нема 80 ќе продолжи некогаш таа седница) Јас велат дека 118 ќе има на крај, изјави Ковачевски.

Ковачевски во текот на нареднава недела ќе замине од својата позиција, нов премиер ќе стане актуелниот собраниски спикер, кој е предлог на Али Ахмети и неговата ДУИ.

Матеја Петровски