Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Што добива Македонија со реорганизацијата на Владата?

Враќање на спортската гордост, максимално искористување на туристичките капацитети на Македонија, максимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќање на спортската гордост, максимално искористување на туристичките капацитети на Македонија, максимална искористеност на енергетските капацитети, кои ги има државава. Реорганизацијата на Владата треба да донесе само бенефит за македонските граѓани. Според туристичките работници Македонија има голем потенцијал во сегментот туризам и тоа може да донесе раст на бруто домашниот производ.

Поранешниот директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија, Љупчо Јаневски смета дека новото најавено  Министерство за Култура и Туризам  ќе треба да иницира законски измени со кои би се подобриле состојбите и комплетна дигитализација на секторот.

-Идејата и барањето на туристичката индустрија не е само кај нас, туку и во регионот и во Европа е следење на нивните примери односно подигање на Министерство за култура исто со Министерство за туризам, односно како што е култура и туризам како што е практика во другите земји. На тој начин ќе овозможиме многу побргу да архитектираме, структурата во туристичката индустрија, да ги зајакнеме дестенејшн менаџмент организациите, или да влијаеме позитивно на локалниот економски развој, потоа агенцијата за промоција и поддршка на туризам, да се изгради во национална туристичка организација и веќе конечно после долги години барање да имаме туристички инспекции и туристичка полиција, изјави Јаневски.

Реклама

За разлика од сега кога спортот во Македонија можеби го допира и своето дно, ситуацијата беше многу поразлична. Македонија во кошарка беше четврта во Европа, во ракомет петта, а фудбалските репрезентативци играа на Европско првенство. Во два наврати европски првак беше РК Вардар, ФК Вардар пак испиша историја прв пат пласирајќи се во групна фаза од европско натпреварување.

Според поранешниот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски постои потенцијал повторно да ги има овие успеси, со формирањето на новото министерство.

-Спортот ни е на едно ниво кое што е далеку од просекот, а камо ли да се надеваме на успеси врвни, дали се работи на репрезентативно или за клупски план. Генерално во Македонија и во спортот владее корупција, владее непотизам огромен, така да мислам дека Министерство за спорт ќе биде едно решение кое што ќе донесе помал маневарски простор за оние кои се влезени во спортот за да имаат некој личен бенефит, а од друга страна ќе ги отвори портите на професионализмот, на резултатите, изјави Ристовски.

Според познавачите со тоа што секторот енергетика добива министерство, ќе значи координација на енергетскиот секотр и зголемено домашно производство на струја.

Со новата реорганизација и Министерството за надворешни презема нови надлежности, односно прераснува Министерство за надворешни работи и за надворешна трговија. МНР во иднина се очекува да одговара за надворешно-трговското работење и подобрување на економските односи со странство. Во рацете на идниот шеф на дипломатијата ќе биде и надворешната трговска политика и тој ќе биде овластен да склучува трговски договори.

Матеја Петровски