Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Македонија

Штипското државно училиште „Коле Нехтенин“ ќе отвори училишна реална компанија

Училишна реална компанија ќе се отвори во регионалното Државно средно училиште (ДСУ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Училишна реална компанија ќе се отвори во регионалното Државно средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“ во Штип, најави денеска директорката на училиштето, Јованка Шалева. Таа појасни дека компанијата ќе биде посебен правен субјект, кој ќе остварува приход за училиштето и ќе биде од помош за компаниите, со оглед на фактот дека ќе зема и ќе работи за нив.

Шалева посочи дека ова ќе биде од големо значење и за училиштето и за учениците, кои се едуцираат за елтромашинска и угостителска струка. Во меѓувреме во постапка е процесот на валидација.

-Ни требаше еден малку подолг период да ја направиме правната трансформација на училиштето, но сега веќе се насочивме и кон целите на регионалниот центар, направивме функционални анализи. Во постапка е процесот на валидација и се движиме во насока на отворање на училишна реална компанија.Тоа значи дека училиштето ќе има своја компанија која ќе биде посебен правен субјект која ќе остварува посебен приход, да ги понуди своите можности и да биде како еден вид помош на компаниите, да земе работа од нив, да сработи нешто и да биде во функција како посебен приход на училиштето – изјави Шалева.

Реклама

Таа додаде дека сите активности се на самиот почеток, но се очекува од оваа есен  компанијата да почне со работа, согласно вакви и слични примери во останатите региони.

ДСУ „Коле Нехтенин“-Штип  прерасна во Регионален центар за средно стручно образование и е еден од осумте во државата.