Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Штипските советници ги изгласаа капиталните проекти за реализација до 2028 година

СКАДА системот на водоводната мрежа,  продолжување на булевари, нови улици, делумна реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СКАДА системот на водоводната мрежа,  продолжување на булевари, нови улици, делумна реконструкција на тврдината „Исар“, уредување на просторот кај бања Кежовица се капиталните проекти кои ќе се реализираат од 2026 до 2028 година во Штип. Советниците во Советот на Општина Штип на денешната четврта седница  изгласаа План и Програми за развој на Општина Штип во период од 2026-2028 година.

Ивана Трендафилова од Секторот за финансии во Општина Штип презентираше дека дел од  финансирањето на проектите, кои почнаа да се реализираат во тековната година ќе биде финансирани и наредната година и се дел од развојната Програма на Штип во периодот до 2028 година.

-Се работи за проектите кои беа финансирани во 2025 година, односно продолжување на булевар „Партизанска“, а чија реализацијата е веќе трета година. Потоа проектот за изградба на СКАДА систем, изградба на крстосница на булевар „Партизанска“ со „Сремски фронт“, проектот за изградба на улица број 1, конзервација и делумна реконструкција на Акрополот и уредување на парк покрај бања Кежовица, рече Трендафилова.

Реклама

Овие проекти се од развојниот дел на буџетот на општината и беа усвоени на денешната седница на советот на Општина Штип. Со воведување на СКАДА системот ќе се намалат загубите на вода за пиење, а со вложување во инфраструктурата ќе се подобрат условите за живот на граѓаните, но и нивната безбедност.