Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Штипските пожарникари имаат добар возен парк и се технички опремени

Противпожарната единица-Штип во моментот е добро технички опремена и има солиден возен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Противпожарната единица-Штип во моментот е добро технички опремена и има солиден возен парк, информира командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благо Ренџов. Но, како што вели, во моментов има недостиг на пожарникари, а овој проблем годинава се решава со ангажирање на доброволци од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. 

-ДЗС од почетокот на сезоната ни донесе возила на интервентната пожарна. Располагаме со четири Пинцгауера, два БТР, нон стоп имаме лица од Дирекцијата кои дежураат овде, кои се овде 24 часа и кои навистина ни помагаат во гаснењето на огнените стихии- вели Ренџов.

 Топлотниот бран го зголемува и ризикот од пожари, а во Штипскиот Регион најкритична точка и понатаму е планината Серта. Ренџов посочува дека ризични остануваат планинските предели, каде теренот најчесто е непристапен и стрмен.

Реклама

– Критични места се, регионот кон општина Карбинци, планината Плачковица, од другата страна Трогерци, каде граничиме со општина Свети Николе, па следува Серта со селата Лакавица, Лесковица, Селце, Пухче. Овде имаме критични села, непристапен терен, со многу падната маса, што ни го отежнува гасењето на пожарите- изјави Ренџов.

Според Ренџов, најголем дел од пожарите се последица на човечко невнимание. Инаку во општина Штип годинава имаше пожари во планинските предели, но пожарникарите водеа битка и со огненините стихии, кои загрозуваа куќи и викендици.