Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Штипскиот градоначалник на средба со кошаркарките од ЖКК „Тим Арена“

По повод освоеното прво место на меѓународниот кошаркарски турнир во Нова Горица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод освоеното прво место на меѓународниот кошаркарски турнир во Нова Горица, Словенија, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари прием на кошаркарките на ЖКК „Тим Арена“.

На средбата градоначалникот Јорданов ја изразил својата поддршка и истакнал дека овој успех е силна потврда дека трудот, дисциплината и посветената работа секогаш носат резултати, се вели во писменото соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој нагласи дека кошаркарките на „Тим Арена“ претставуваат позитивен пример за вистинските спортски вредности и дека Штип со гордост го прославува нивниот значаен меѓународен триумф.

Реклама

Општина Штип ќе продолжи континуирано да ги поддржува младите спортски таленти. Во периодот што следува, преку јавните повици што ќе бидат објавени, општината ќе продолжи да ги стимулира најуспешните спортисти со цел да се мотивираат и вреднуваат и оние кои, како кошаркарките на „Тим Арена“, посветено го градат својот спортски развој.

Општина Штип им упатува искрени честитки на кошаркарките и стручниот тим на ЖКК „Тим Арена“ за освоеното прво место и им посакува уште многу успеси и продолжување на нивната инспиративна спортска приказна.