Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија од Апелацискиот суд-Штип.  Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија од Апелацискиот суд-Штип. 

Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. 

Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84 – годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право. Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.