Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Штип ќе го добие најголемиот еко-парк во целиот регион

До средината на наредната година во Штип, треба да биде готов најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До средината на наредната година во Штип, треба да биде готов најголемиот еко парк во регионот. Паркот „Иднина„  ќе се простира на околу 70.000метри квадратни, во близина на новиот булевар и ќе ги поврзува двете населби 8ми Ноември и Баби. Освен зелени појаси, патеки,реквизити за деца, поради близина на реката Брегалница, се предвидува и изградба  на мини езерце.

  „Ќе го промени ликот на овој дел од градот. Знаете во минатото беше доста небезбеден, руиниран, неосветлен. Како потреба на граѓаните, решивме да инвестираме и дад ги пренаменеиме парцелите наоколу, за да создадеме развој на нашиот град„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според планот на општината, со носењето на нов урбанистички план и изградба на булеварот и паркот, овде ќе биде идниот развој на градот. Предвидено е изградба на неколку станбени  и деловни објекти. Една од парцелите е веќе купена, а општината од нејзината продажба  инкасираше околу еден и пол милион евра.  На почетокот од наредната година се очекува да биде завршен и булеварот „Партизанска„

Реклама

  „Веќе во наредниот месец голем дел да биде завршен, односно првата фаза од „Партизанска„  да биде изасфалтирана. Веќе се започнати активности и на втората фаза, односно промена на главната водоводната мрежа од околу 600метри. Очекувам на почетокот од наредната година булеварот комплетно да биде завршен„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Булеварот и еко паркот се градат исклучиво со средства на општината и чинат повеќе од 3милиони евра. Претходно со овие проекти, локалната самоуправа аплицираше за општинска обврзница, но беше одбиена од претходната власт.

Александра Ристевска