Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Штип ќе го добие најголемиот еко парк во регионот

До средината на наредната година во Штип, треба да биде готов најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До средината на наредната година во Штип, треба да биде готов најголемиот еко парк во регионот. Паркот „Иднина„  ќе се простира на околу 70.000метри квадратни, во близина на новиот булевар и ќе ги поврзува двете населби 8ми Ноември и Баби. Освен зелени појаси, патеки,реквизити за деца, поради близина на реката Брегалница, се предвидува и изградба  на мини езерце.

  „Ќе го промени ликот на овој дел од градот. Знаете во минатото беше доста небезбеден, руиниран, неосветлен. Како потреба на граѓаните, решивме да инвестираме и да ги пренаменеиме парцелите наоколу, за да создадеме развој на нашиот град„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

 Старите бунари за водоснабдување што се наоѓаат таму нема да се затрупат,  дециден е Јорданов. Според планот на општината, со носењето на нов урбанистички план и изградба на булеварот и паркот, овде ќе биде идниот развој на градот. Предвидено е изградба на неколку станбени  и деловни објекти. Една од парцелите е веќе купена, а општината од нејзината продажба  инкасираше околу еден и пол милион евра.  На почетокот од наредната година се очекува да биде завршен и булеварот „Партизанска„

Реклама

  „ Веќе се започнати активности и на втората фаза, односно промена на главната водоводната мрежа од околу 600метри. Очекувам на почетокот од наредната година булеварот комплетно да биде завршен„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Булеварот и еко паркот се градат исклучиво со средства на општината и чинат повеќе од 3милиони евра. Претходно со овие проекти, локалната самоуправа аплицираше за општинска обврзница, но беше одбиена од претходната власт. 

Александра Ристеска