Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Штип ќе гради спомен обележје во чест на загинатите штипјани во пожарот во кочански „Пулс“

Општина Штип на 16 март, денот на одбележување на една година од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип на 16 март, денот на одбележување на една година од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ ќе постави камен темелник за изградба на спомен обележје кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и  Александар Коларов, кои загинаа во пожарот во „Пулс“. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.

Програмата на 16 март во понеделник започнува во 18.30 часот со прием на гости и поставување камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Потоа, од 18.40 до 19.10 часот ќе следува палење свеќи во чест на сите починати.
Во 19.10 часот ќе се одржи кратка пригодна Програма посветена на жртвите, додека настанот ќе заврши во 19.30 часот со симболично „ѕвездено небо“ – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони, испраќајќи порака дека светлината постои дури и во најмрачните денови.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат и заедно да испратат порака на љубов, сеќавање и единство – затоа што, како што велат, Штип не заборава.