Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Штекли и дел од неговата група на распит во Кривичен суд, се бара притвор

Раде Трајковски Штекли кој преживеа три обиди за убиство, не успеа да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раде Трајковски Штекли кој преживеа три обиди за убиство, не успеа да се спаси од лисици на рацете. Полицијата ја растури 14 члената криминалната дружина на Штекли која се сомничи дека соработувала во бизнисот со дрога со прочуената Беланоца која беше разбиена пред еден месец. Но, не само соработниците, Трајковски со себе повлече и полициски началник кој одбработувал за криминалното скопско подземје. Неофицијално, станува збор за Горан Ангелов, познат како под прекарот Бапчо, кој раководел со Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи.

Цела ноќ полицајците во соработка со обвинителството за организиран криминал претресуваа вкупно 20 локации во Скопје и една во Гевгелија каде Штекли бил уапсен. Според наши инфомации станува збор за познат хотел – казино во близина на граничниот премин Богородица. Од сите претреси, неофицијално се запленети 325.000 денари и 3.995 евра, четири возила, 12 мобилни телефони и еден пиштол калибар 9 мм. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со непозната прашкаста материја за што исто така ќе се вршат дополнителни вештачења за видот и количината на истата.

  • „Еден пиштол марка Зораки 9 мм и 22 куршуми , семки од НН растение, НН растителна материја со зелена боја, пет дигитални ваги, неутврдена количина на бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видео рекордер, едно УСБ и др., од кои дел ќе бидат предмет на вештачење“.

Според информации на Алфа, криминалната група подолг временски период се бавела со улична продажба на дрога а сето тоа го организирал првоосомничениот Штекли како глава на криминалната банда.

Реклама

Инаку, полицискиот службеник Ангелов не бил уапсен, но му бил одземен мобилниот телефон за вештачење, но засега нема потврда за ова. Името на Ангелов-Бапчо не е првпат да се споменува во јавност и да се носи во корелација со заштитување на криминогени структури кои треба да ги гони. Изминатата година на социјалните мрежи беше споделувана фотографија чија автентичност не се потврди – а на неа беше Ангелов-Бапчо и шефот на нарко-клан, Шеваљ Муареми.

Сомневањата се дека бандата на Штекли била во блиска корелација со картелот „Беланоца“, бандата од Арачино која минатиот месец беше сузбиена од полицијата.  Тогаш, син на поранешен функционер во МВР, им дојави на криминалците да бегаат, но се спаси само еден.

Штекли беше скоро непознат за јавноста се до 2023 година, кога во него, двапати беше пукано во трговскиот центар „Ист гејт мол“. Тогаш протекоа информации дека пукањето кон него е поврзано со дрога и борбата на нарко клановите за скопскиот пазар, за што сега изминатиов период имаше повеќе акции.

Последно, кон домот на Трајковски беше фрлена бомба, но не тој не беше повреден. 

МВР поднесе кривична пријава за 14 лица до Обвинителството, а уапсените дел по дел се спроведуваат во Скопскиот Кривичен суд на распит пред судија на претходна постапка. За 10 осомничени Обвинителството да побара притвор, еден е веќе зад решетки а тројца се во бегство.