Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Штефан Павлињек во „Бизнис-клуб плус“: Нашата цел е да ги задржиме клиентите, а во исто време да создаваме нови производи

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Штефан Павлињек, директор на групацијата „Рото“, познат стопанственик и претприемач, пионер на ротомолдинг-технологијата во Централна и Југоисточна Европа и долгогодишен љубител на авијацијата. Разговорот се фокусираше на развојот на групацијата „Рото“, воведувањето напредни ротомолдинг-технологии за производство на полимерни производи и на освојувањето на регионалните и на светските пазари.

Павлињек својата кариера ја започнал веднаш по дипломирањето како машински инженер, во малата занаетчиска работилница што ја основал во 1974 година. Со развојот на ротомолдинг-технологијата и на новите производи, постепено откупувал фабрики низ поранешна Југославија – токму оние кои биле негови конкуренти – поставувајќи ги темелите на денешната меѓународна групација „Рото“, која денес работи во четири европски земји.

Павлињек истакна дека групацијата „Рото“ денес располага со осум производствени фабрики ориентирани кон извозот. Секоја фабрика е специјализирана за сопствен тип на производ: од буриња за вино, резервоари и мелиорациски системи преку делови за трактори, јахти, мотори и за авиони до целосна изработка на чамци, јахти и кајаци. Со растечката еколошка свест, групацијата интензивно инвестира во опрема за прочистување на водите, која се развива и се произведува во фабриките во Франција, Англија и во Словачка.

Реклама

Павлињек потврди дека групацијата има фабрика и во Северна Македонија, во Виница.

Тој изјави дека од работа исклучиво на регионалниот пазар компанијата денес извезува во околу 70 држави низ светот. Ширењето на меѓународниот пазар значително придонело за подобрување на квалитетот на производите, а барало и современа технологија на производство, стручен кадар и воведување нови стандарди во работењето. „Основната цел ни е да ги задржиме постојните пазари, но истовремено да создаваме и нови производи“, истакна Павлињак.

Покрај успешен деловен човек, Павлињек е и искусен пилот и коорганизатор на меѓународни шампионати со балони на топол воздух. Поседува сопствен авион, кој го смета за неопходно превозно средство во време на глобализација на економијата, затоа што, според него, присуството на пазарите и комуникацијата со клиентите се клучни. Пилотирањето го споредува со водењето компанија – мора да имаш цел, пат до целта и способност да управуваш со ризици.

Во 2015 година, во Ловењаков Двор во Полана кај Мурска Собота, основал сопствена дестилерија „Св. Стефан“ за производство на жестоки пијалаци, ликери, вино и ракија.

Павлињек е активен и во јавниот и во професионалниот живот: претседател е на Балонската секција при Воздухопловната асоцијација на Словенија, почесен конзул на Македонија во Словенија од 2014 година, претседател на Стопанската комора за занаетчиство и мали бизниси на Словенија (2002 – 2012), како и словенечки вински конзул и витез.

Меѓу големиот број признанија што ги има добиено, како свое најдраго признание ја издвојува ЕУ-наградата за извонредност во семејниот бизнис од 2016 година, која, како што вели, е најсилна потврда за неговата работа и долгогодишна посветеност.