Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за 35 години независност

35тиот роденден на Македонија освен Дејвид Гета ќе донесе и други спектакуларни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

35тиот роденден на Македонија освен Дејвид Гета ќе донесе и други спектакуларни изведувачи и изненадувања. Со настап на светскиот тенор Хозе Карерас и најголемите македонски музички имиња, на први септември на плопштадот Македонија ќе започне одбележувањето на независноста. Заедно со поддршката од Македонската Филхармонија, организаторите велат дека главната цел е да се соединат македонската музичка традиција заедно со светската класика.

„Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско, кое ќе покаже дека воопшто во ниту еден сегмент не е ниту помалку светско, ниту помалку квалитетно. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија олл стар е личен мој избор и јас носам одговорност дали требало да има уште некој друг“ – изјави Бобан Милошески од Авалон продукција.

Македонските ѕвезди велат дека е огромна чест и задоволство да се биде дел од ваков проект, за достоинствено прославување на македонскиот јубилеј.

Реклама

„Сум била досега неколку пати на ваквите прослави и секогаш со големо заодоволство сум настапувала. Сега ми е посебно драго што освен нашите музички великани ќе ни се придружи и еден музички великан од светската сцена“ – изјави Гочева.

„Голем вистински момент е што Карерас ќе стапне на светата земја Македонија. Земја на музиката, земја на многу талентирани гласови и музичари и мислам дека ние ќе бидеме нежни со него и ќе го угостиме на начаин, што само ние умееме“ – рече Калиопи.

Влезот ќе биде бесплатен а истовремено ќе има и телевизиски пренос за оние кои нема да можат да присуствуваат. Од владата најавуваат и други настани и изненадувања.