Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Свет

Шпанскиот премиер Санчез повика на реформирање на ОН

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој собра околу 20 светски лидери од левицата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој собра околу 20 светски лидери од левицата во Барселона, изјави дека е потребно да се реформираат Обединетите нации.

Владите на Шпанија, Бразил и Мексико повикаа на помош за Куба.

– Веруваме во меѓународен поредок заснован на правила, но мултилатералниот систем има потреба од обнова. Обединетите нации ќе можат да преживеат само ако ја претставуваат реалноста, изјави Педро Санчез на самитот „Во одбрана на демократијата“.

Реклама

Опкружен од државници од земји како Бразил, Мексико и Јужна Африка, чие економско и политичко влијание порасна во последните децении, шпанскиот социјалист изјави дека се потребни подемократски и порепрезентативни ОН.

– Дојде време ОН да бидат обновени и, зошто да не, да бидат предводени од жена, рече Санчез.

Учесниците на самитот предупредија дека е потребно повторно да се воспостават правилата за да не можат некои земји произволно да ги напаѓаат другите, кршејќи го меѓународното право.

– Гледаме напади врз мултилатералниот систем и опасна нормализација на употребата на сила, предупреди Санчез, осврнувајќи се на Израел, САД и Русија.