Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Шеснаесет волонтери од Делчево на Младински противпожарен камп во Словенија

Шеснаесет волонтери од Црвениот крст од Делчево во Словенија од денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеснаесет волонтери од Црвениот крст од Делчево во Словенија од денеска ќе ги учат основите на противпожарната заштита и спасувањето животи во услови на пожар на традиционалниот интернационален Младински противпожарен камп во Чрномељ, Словенија.

На кампот учествуваат околу 200 деца од неколку држави кои се поделени на водови, а за секој вод е определен по еден ментор. Учениците низ детски игри, дружење, показни вежби со пожарникарите, се запознаваат со работата на пожарникарите, учат како се користи опремата со цел да научат што значи да се биде пожарникар и како се спасува имотот и животот на граѓаните. Целта на овој традиционален камп кој се одржува во Чрномељ, е да се мотивираат младите да се приклучат кон доброволните противпожарни друштва.

Учеството на претставници од Делчево на овој камп е резултат на добрата соработка на двете општини, Делчево и Чрномељ.

Реклама

Градоначалникот Иван Гоцевски кој е дел од заедничката мисија со волонтерите, истакнува дека овој интернационален камп отвора перспективи за стекнување непроценливи знаења.

-Нивното учество е многу повеќе од едно патување или еден младински камп, бидејќи овој настан кој со години се одржува во пријателската Општина Чрномељ нуди нови знаења, размена на искуства, но и доказ дека и Делчево има млади кои знаат што значи хуманост, солидарност, одговорност и волонтерство.Со ваквите активности, градиме мостови меѓу младите од Делчево и младите од европските средини. Пријателствата што ги градат младите се најцрврстата основа за идната соработка меѓу нашите општини и нашите земји, нагласи Гоцевски.

Тој изрази благодарност до домаќините, Општина Чрномељ и градоначалникот Андреј Кавасек за гостопримството, но пред сè за соработката која отвора нови перспективи за двете општини, соработка која се надградува со младите, кои се иднината на двете општини.

Освен волонтерите, на кампот учествуваат како инструктори и претставници од ТППЕ Делчево, од Доброволното противпожарно друштво од Делчево и од ОО на Црвениот крст Делчево. Младинскиот противпожарен камп ќе се реализира од 12 до 16 август.