Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Шефот на италијанската дипломатија во посета на Македонија

Работиме и ќе работиме за Македонија да биде ефективен член на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме и ќе работиме за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

 Тајани, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкам кон ЕУ.

 Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува. . .

Реклама

Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи.

Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Северна Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.

Тијани, исто така, го нагласи и присуството на Северна Македонија во НАТО алијансата и меѓусебната економската соработка, и најави средба за искористување на потенцијалот на Коридорот 8.

 -Одлучуваме да организираме средба за Коридорот 8.

Ќе видиме до крајот на годината да отвориме дискусија со Северна Македонија, Бугарија и Албанија, за да се забрза економскиот развој и развојот на внатрешниот пазар, изјави Тијани.

 Министерот Муцунски, средбата ја оцени како особено важна, нагласувајќи дека ова е прва посета на МНР од Европа, од неговото стапување на функцијата, што рече само ја потврдува и дополнително ја надградува 30-годишната соработката меѓу двете земји.

На средбата, Муцунски, рече дека го истакнал значењето за предвидливоста на патот кон европските интеграции, како и дека добил уверување за поддршката од Италија на нашиот пат кон ЕУ.

– Италија е, и останува еден од најголемите поддржувачи на нашите стратешки и надворешно-политички цели, особено кога станува збор за полноправното членство во ЕУ.

Добив уверување од мојот колега дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Потенцирав дека и понатаму ние сме силно посветени на реформите, добрососедските односи и регионалната соработка, изјави Муцунски.