На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Сириската Арапска Република, Мазхар ал-Ваис.
На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за реформите во правосудството, зајакнувањето на институциите, како и за значењето на владеењето на правото и почитувањето на човековите права во градењето стабилни и функционални институции.
Посебно внимание било посветено на размената на искуства и можностите за унапредување на соработката меѓу министерствата за правда, со цел поефикасно справување со заедничките предизвици во правосудството.
Соговорниците ја истакнале важноста на меѓународниот дијалог, владеењето на правото и институционалната соработка како основа за стабилност и зајакнување на довербата во правосудните институции.

