Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Сезонското овошје и зеленчук станува луксуз, цените на пазарите прескапи за стандардот

Исхраната богата со овошјето и зеленчукот ова лето е вистински луксуз, поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исхраната богата со овошјето и зеленчукот ова лето е вистински луксуз, поради ектремно високите цени граѓаните ги одминуваат пазарите кои се преполни со сезонски намирници но нема кој да ги купува.

Добар дел од овошните култури, кои се одгледуваат и кај нас не се поефтини од 200 денари по килограм. Во министерството за земјоделие веќе се разговара какви мерки да се превземат со цел овошјето и зеленчукот да бидат подостапни и да ја збогатат македонската трпеза,иако производствената цена ја определува производителот.

„Но тие цени неможат да се разликуваат премногу од еден до друг производител. Затоа ќе треба да воспоставиме некоја позитивна пракса и стратегија на начин на регулирање на овие цени, како што минатата година се направи методологија за утврдување на цената на произведено винско грозје, која беше зголемена за одреден процент, и на тој начин се формираше генерална национална цена, кај сите откупувачи на грозје. И можеби овој пример треба да се следи и кај останатите и на тој начин ќе може да утврдиме една цена која ќе биде прифатлива и за производителите и за потрошувачите“-вели, Борче Серафимовски- Државен декретар во Министерство за земјоделство.

Реклама

Друг проблем се лошите политики и очајните мерки кои со години ги превземаше државата. Македонија која е аграрна земја увезува дури 70 % од земојделските производи. Климатските промени се само една од причините за тоа.Македонија има посериозни структурни проблеми,а тоа е стареењето на руралната популација и напуштањето на селата,укажуваат експертите.

„Климатските фактори не се првенствен фактор кој што влијае на намалување на производството, на намалување на површините земјоделски.Пред се тоа се системски грешки направени уште во 90-те години.Самиот сектор не е атрактивен за млади луѓе, профитната маржа, односно обезбедување на основна живеачка е дискубатилна. Имаме голем процес на иселување “-вели Бобан Илиќ- секретар на работна група за регионален рурален развој.

„Прво сме силно расцепкани, тоа значи дека нашата просечна фарма е 2 хектара, што е премалку да живееш од нејзе. Не е тоа економски профитабилно стопанство, освен ако не работиш со некои скапи култури. Вториот проблем е возраста. 2016 година возраста на просечниот македонски земјоделец беше 56 години, од тогаш има 10 години, а многу малку влегуваат во секторот.И сега нашиот просечен земјоделец е постар од 60 години “вели Јордан Чукалиев-професор на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Тоа што сме увозно зависни не значи дека немаме капацитет да произведуваме доволна количина на здрава и безбедна храна.Државата сега нуди огромни можности, ги субвенционира земјоделците доделува неповратни грантови,но за жал сите тие поволности остануваат неискористени. Најголем дел од 180.000 земјоделски стопанства колку што се регистрирани во Македонија, не се земјоделски вели Чукалиев, реално во земјава има околу 70.000 земјоделци.