Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

„Северниот“ пасош исфрли на копно над 100-тина македонски „бродоломци“ по светските пристаништа

Познатиот македонски готвач Виктор Настески, кој работи на луксузen британски крузер, остана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познатиот македонски готвач Виктор Настески, кој работи на луксузen британски крузер, остана без работа и едвај успеа да се врати во македонија. Причината – немал северен пасош.

Готвачот од Австралија принудно е тргнат е на пат за Македонија, откако компанијата за кого работи му го раскинала договорот бидејќи патниот лист му важи само за еден правец, а на пасошот му стои старото име на државата и му е невалиден.

Случајот со Настески е само еден од над 140 македонски морепловци, кои главно работат како кувари, келнери, стујарди и слично на таканареченеите „крузери„, луксузни туристички бродови кои пловат по светските мориња и океани, а кои не можат да се вратат во македонија и стравуваат за својата работа.  Според последните информации, веќе 70-тина македонски морепловци, успеале некако да се вратат дома, некои со, а некои и без патен лист.  Зоран Кочоски управител на агенцијата посредување работа на брод Коузон, вели дека бродските компании се зачудени од несериозноста на државата, а Македонците се приморани сами да си купуваат авионски билети иако не по нивна вина остануваат без договори за работа, појаснува Кочоски.

Реклама

Не само на оние што пловат и заработуваат, рокот за пасоши со новото име им ги помати плановите и на оние што допрва сакаат да заминат. Поради не можноста на државата навреме да обезбеди патни исправи, намален е бројот на апликации на заинтересирани за работа на брод.

Еден од најголемите проблеми на Македонците што се затекнати на крузерите е што главно пристаништата каде се укотвуваат бродовите се на егзотични места во кои македонија нема никакви дипломатски преставништва. Па тие имаат проблемн каде да ги подигнат патни листови, па дури потоа да се снаоѓаат како до дома. Дел од земјите ги бараат овие листови, а дел немаат никаков проблем ниту со старите пасоши, според досегашното искуство на оние кои успеале да се вратат. Како што е познато, и преку копно е тешко до дома ако си дел од дијаспората. Ниту за убаво, ниту за лошо, тешко се доаѓа до патна исправа и во дипломатско – козуларните претставништва. Иселениците за Алфа се жалат дека никој не им крева на телефон, ниту пак им одговараат на меил за да закажат термин за фотографирање и вадење нови документи.