Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Сериозно сме загрижени за преминарните резултати од пописот во Албанија

Албанските институции, народниот правобранител, Советот на Европа и ЕУ, како и Обединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанските институции, народниот правобранител, Советот на Европа и ЕУ, како и Обединетите нации во Женева да ги проверат резултатите од пописот во Албанија и дали тој е законски изведен или со притисоци и мешање од страна на Бугарија. Ова се барањата на претседателот на партијата во Албанија  „Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, по објавените резултати на пописот таму.  

Стерјовски вели дека навистина е важно албанските медиуми да ја информираат јавноста во Албанија со цел меѓународните претставници на ЕУ да се информираат за асимилацијата на македонското население во Албанија од страна на Бугарите. Тој вели дека иако институциите во Албанија биле предупредени сепак не ги спречиле бугарските фондации да дејствуваат.

Покрај Стерјовски, речиси сите партии и македонски здруженија во Албанија не  признаваат дека таму има повеќе Бугари отколку Македонци. Тие обвинуваат дека албанската Влада легитимира пописен фалсификат, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи.

Реклама

Од Друштво Преспа велат дека ги отфрлаат резултатите од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 16  ноември и ги сметаат за груб фалсификат.

Друштво Преспа бара одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија, велат од Друштво Преспа.

Исто така реакции пристигнаа и од Политичката Партија Македонски Концепт која испрати строга реакција до Министерството за Надворешни Работи на Република Албанија и Амбасадата на Република Албанија во Македонија.

Ја повикуваме Албанската држава да ги почитува правата на македонската етничка заедница и да ги негува позитивно односите меѓу нашите народи преку почитување на договорените услови и фер третман на сите етнички групи, велат Политичката Партија Македонски Концепт

Остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани. Тој ја повика европската заедница да спроведе суштинска проверка на нелигитимниот попис и веднаш да реагира.

Пред ваквиот чин и слепи и глуви се направија меѓународната заедница и сите државни институции што не е прифатливо во овој 21. век. Ова е вршење на асимилација пред целиот меѓународен фактор. Затоа, јас како претставник на македонската заедница и сите Македонци порачувам дека не го прифаќаме и не го признаваме овој попис и воедно бараме повторување на истиот, вели Панди Јани претседател на Партијата на слободата за Мала Преспа.

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал.

Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците, вели Инес Нурја, поранешна директорка на ИНСТАТ.

Според објавата на Институтот за статистика на Албанија таму живеат над 2.200 Македонци, додека 7.957 Бугари.