Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

СЕММ ќе ги награди најдобрите новинарски трудови за факти и дезинформации за климатските промени

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денека ќе ги додели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денека ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот од мај 2025 до април 2026 година.

СЕММ, во соработка со УНЕСКО, традиционално ги доделува наградите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај, со цел да се охрабри слободното, одговорно и етичко новинарство и да се укаже на значењето на правото на јавноста на навремено и точно информирање.

Темата на наградите, трета година по ред, е насочена кон заштитата на животната средина, со фокус на разобличување дезинформации поврзани со климатските промени и подигање на јавната свест за ризиците од загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и за еколошките „црни точки“ во земјава.

Реклама

На настанот што ќе се одржи со почеток во 11 часот во Европска куќа – Скопје ќе се обратат претставници на Делегацијата на Европската Унија, на Советот за етика во медиумите, членови на жирито, како и новинари – добитници на наградите.

Наградите се дел од проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како општо добро“, кој е поддржан од УНЕСКО и од Европската Унија.