Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Семејството Коцевски од Волково преку ноќ остана без ништо, куќата им изгоре до темел

Само испукани и зачадени ѕидови останаа од домот на семејството на Стојан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само испукани и зачадени ѕидови останаа од домот на семејството на Стојан Коцевски од Волково. Неговата куќа во која живееше со татко му, сопругата и ќерката, изгоре до темел пред една недела и од тогаш се снаоѓаат како знаат и умеат.

Во првите денови им излегле во пресрет соседот, кој им отстапил соба за да преноќат, а помош дошла и од отецот Оливер од црквата Свети Спас од Драчево. Стојан вели дека најмногу му помогнале од извидничкиот порачански одред Јадран, како и од колегите од работа, кои дошле за да ја изнесат изгорената покуќнината од домот. 

„Секоја помош е добредојдена. Во моментов ни е потребна финансиска помош, значи сместени сме, имаме кров над глава, облека ни дадоа, единствено што ни треба е финансиска помош. Доаѓаат луѓе рачно ни нудат помош. Жиро сметки се отворени, девизни денарски. Репороматеријали нешто да присобереме“, рече Стојан Коцевски.

Реклама

Пожарот избил околу 1 и 30 часот по полноќ, од инсталацијата во собата на ќерката. Таа прва го забележала чадот и веднаш истрчала да ги предупреди да излезат од куќата и се спасат. За среќа до жртви не дошло.

„Станавме не разбуди ќеркава, снема струја во моментот. Значи главните осигурачи беа паднати, снема струја и значи почна да гори. Сите излеговме. Почнавме со црева, наши црева да го гасиме пожарот, меѓутоа не успеавме. Се јавија комшиите во пожарна. Дојдоа три коли за 15 20 минути. И они го угаснаа се локализираше пожарот. Изгоре за многу кратко време, не можевме ништо да спасиме. Еве доказот е сето ова надвор. Освен иконите што стоеја на регалчето, другото се изгоре“, рече Стојан Коцевски.

Пожарот брзо го изгаснале од противпожарната служба, потребни им биле 15 минути да стигнат, но не успеале да спречат поголема материјална штета. Стојан очекува во наредниот период помош од институциите за да може да му се врати на нормалниот живот. Семејството Коцевски се надева на помош и од сите хумани граѓани.

Жиро сметка за донација – 210500000373305 НЛБ Банка – Стојан Коцевски

Број за контакт 070 / 227 – 394 – Лидија Коцевска

Љубиша Владимиров