Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Село гори, баба се чешла: Собранието дебатира, додека Судскиот совет си држи седници како ништо да не се случува

Во Собранието жестока дебата, во Судскиот совет разговор на неважни теми. Додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието жестока дебата, во Судскиот совет разговор на неважни теми. Додека пратениците дебатираа за судбината на петте членови на Судскиот совет, тие заедно со останатите членови си држеа седница и дискутираа за теми како ажурноста на судовите и си избираа вд генерален секретар на советот. Само екс претседателката Весна Дамева која oд стручен соработник стана член на советот по предлог на поранешниот претседател Стево Пендаровски, ги удостои пратениците со нејзино присуство во Собрание, останатите си тераа како и секој обичен ден.

Барањето за смена на клучните шленови во Советот, треба да биде само почетеок за потемелни реформи кои би можеле вистински да го кренат од дното судскиот систем. Но, вистински промени и реформи не се носат преку ноќ, ниту, пак, има реални шанси резултатите да се покажат во скоро време. Потребни се тимови на ниво на сите институции, анализи и нови закони, а првиот чекор за брзи резултати е откажување на политичарите од нивно влијание врз судската власт, коментира професорот Гордан Калајџиев.

Стопената доверба на граѓаните од само 2 % како и скандалозното однесување на членовите на Сускиот совет во изминативе години придонесе Владата да бара начини како да закрепне кревкиот судски систем. Покрај најавените реформи во правосудството, пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за членовите на Советот кои се избрани во Собрание бидејќи не им помина извештајот за сработеното за ланската година.

Реклама

Дури и меѓународната заедница реагираше за нивната работа. Поради нивните скандалозни одлуки во Советот досега и дел од амбасадорите откажаа соработка и прекинаа проекти наменети за македонското правосудство.

Судскиот совет изминативе години работи со голем број скандали и е критикуван за несовесно работење од претставниците на межунаародната заедница кај нас.

Оценската мисија на ЕУ која влезе во советот по избивањето на скандалот со разрешувањето на претседателката Весна Дамева даде 40 препораки ова тело самото да се реформира, но досега ништо не видовме  од тоа.

Исто така и последниот извештај на ЕК говори за партиски влијанија и непотизам при избори на судии во Судскиот совет.