Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Секоја година истиот проблем, Припор и Сопиште на пеколни температури немаат вода

Додека Скопје е како под вршник со температури околу 40 степени, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Скопје е како под вршник со температури околу 40 степени, во делови од главниот град во текот на денот и по неколку часа нема ниту капка вода, а во текот на денот притисокот е многу слаб. Ова е најизразено во високите зони како Припор и Сопиште.

Граѓаните во Припор се жалат дека често се случува да имаат проблеми со водата и бараат надлежните да им го реши проблемот кој ги мачи подолг период.

Граѓаните кои живеат во овие високи зони велат дека се приморани да полнат шишиња и кофи, објаснуваат дека проблемот е најизразен навечер, од 19 до 22 часот.

Реклама

Од Водовод ни одговорија дека системот е стабилен, и дека поради зголемената потрошувачка на поедини места е оптеретен па затоа не може секаде да има стабилно водоснабдување во градот.

Нашите екипи излегоа на посочените локации и утврдено е дека нема дефект, има само зголемена потрошувачка на вода“, велат од Водовод.

Упатија јавен апел граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење за време на топлите денови.

Особено да се избегнува непотребното трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и слично, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е Припор, Сопиште и повисоките делови од општина Бутел.

Во меѓувреме и жители од општината Сопиште најмалку шест години наназад секое лето кога е најжешко со недели се без вода. Вода доаќа или рано наутро или по 2 часот по полноќот. Причина е тоа што базенот се празни и не може да се наполни, а штом малку се наполни, се троши водата или за наводнување на ниви или за полнење на базени, па не може да стигне до повисоките делови.

Според извештајот на Водовод од пред неколку години потрошувачката во просек на дневно ниво се движела помеѓу 280.000 до 290.000 кубни метри. А во деновите со многу високи температури достигнувала и до над 300.000.

Според податоците на Евростат, жителите од ЕУ просечно трошат околу 200 литри вода дневно, додека во Македонија, просечната потрошувачка достигнува до 323 литри по жител.

Само во Скопје на лето секој жител во просек троши околу 500 литри вода.

Љубиша Владимиров