Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Секое чудо за три дена: Никаде ги нема СДСМ да ја дотуркаат работата до крај со Законот за бранителите

Претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, која доаѓа од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, која доаѓа од редовите на ДУИ тактизира со Законот за бранители и упорно не закажува седница на оваа комисија. Не само што таа не закажува седница, никаде ги нема ниту пратениците од СДСМ кој го воскреснаа овој закон. Токму затоа владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа колегите од СДСМ кои се дел од оваа комисија, да се потпишат на официјалното барање до Даути итно да свика седница.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа пратениците од СДС кои се членови на истата комисија да се потпишат на барање до г-ѓа Илире Даути за свикување на седница на Комисијата со точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Р. Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка кој имено е поднесен и е предлог на пратеничката Славјанка Петровска, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Но СДСМ наместо конкретен одговор, дали ќе се потпише на барањето до Даути, ја бвинија власта за како што велат „очајни маневри“.

Реклама

Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.  Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува  собранискиот деловник. Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието, велат од СДСМ.

Повеќе предлози за обештетување на бранителите изминативе години поминаа неславно. Предлогот на пратеничката на СДСМ многумина го оценија како провокација бидејќи имаа седум години додека беа на власт, а таков закон не донесоа. Овој пат, предлогот на нож го дочекаа пратениците од албанскиот политички блок – и од власта и од опозицијата и стојат на ставот дека треба да има закон и за припадниците на УЧК.

Според предлог законот, еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра ќе им се исплати на семејство на загинат или починат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година.