Секоја трагедија бара сочувство и одговорност и вистина, но не и линч. Правдата не се постигнува со улична пресуда. Ниту една нација не е изградена со лов на вештерки. Ова е момент кога треба да го вратиме принципот на владеење на правото, а не на владеење на гневот. По трагедијата во Кочани, Македонија го живее најтешкиот период во својата понова историја, а во денови на жалост, наместо тишина, достоинство и почит, во јавноста се остава впечаток на координирана офанзива од одредени структури кои и во минатото ја поткопуваа државата преку уличен активизам, маскиран како морална борба. За аналитичарот Александар Ристовски протестите се демократска алатка на изразување незадоволство, се додека истите не бидат злоупотребени.
„Кога имате спонтани протести, обично искреноста кај истите е во првите едно две или три појавувања. Доколку продолжат со една тенденција и една намера и траат подолг процес, после се гледа поентата на контролирање на истите. Протестите актуелни кои беа досега предизвикаа, ја разбудија јавноста, сега само ќе видиме дали било каква форма на протести кои би се одржувале во иднина би имале искрени намери или би биле затскриена нејкаква политичка агенда за дестабилизација на државата. Доколку има критична маса и реална заинтересиранот, протестите се секогаш лигитимно право за изразување незадоволство. Да видиме на кој начин тоа некој ќе го стимулира или мотивира“, изјави аналитичарот Александар Ристевски.
Според Ристевски протестите ќе бидат бадијала ако Македонија не изгради систем на вистински вредности кои ќе му застанат на патот на триесетгодишниот корумпиран и девастиран систем.

„Мислам дека кај власта после актуелниве случувања кои беа и таа голема трагедија која ни се случи пред нецели две недели, мислам дека пораката е јасно сватена и дека се отвори ширен фронт на решавање на проблемите, инстант решенија не постојат“, изјави аналитичарот Александар Ристевски.
Не е важна жртвата, важна е агендата – не можам веќе да молчам! Сестрата на Фросина Кулакова, која беше прегазена на „Партизанска“ објави дека е крајно огорчена и вознемирена што нивното семејство се злоупотребува за нечии политички цели.
„На денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага – се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите. Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“… Веќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот – имаше јасен организатор, агенда, насока“, пишува сестрата на Фросина, Росица.
И таткото на Фросина, Тодор Кулаков остро реагираше на обидите да се искористи нивната тага и смртта на неговата ќерка од иницијативата „Кој е следен“.
„Политички глодари, политички некрофили. И дното е пробиено. Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја уништи нашата тага и смртта на детето Ангел – Фросинче“.
Кога човек ќе се изгори еднаш на жешко потоа дува и на матеница. Македонија еднаш беше фрлена на колена од Шарената револуција, а последиците се чувствуваат до ден денес. Граѓаните уште ги паметат нејзините креатори кои подоцна дојдоа на власт и спроведоа насилие врз државата, народот и промената на името.
