Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Седум лица затруени од хлор во базен во охридски хотел

Седум лица синоќа се затруле со хлор бањајќи се во затворен базен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум лица синоќа се затруле со хлор бањајќи се во затворен базен од елитен хотел на Охридското крајбрежје. Се работи за лица од 19 до 45 годишна возраст, но меѓу нив имало и две малолетни деца.Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

“Синоќа околу 20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид и во болницата во Струга пренесни се вкупно 7 лица, од кои 5 од Скопје и две лица од Охрид а две од нив се малолетни лица”

Од охридската болница не успеавме да добиеме информација во ваква состојба се затруените,бидејќи директорот не одговара на повиците. Од струшката болница транспарентни, таму лекарска помош побарало едно возрасни лице и неговите две деца.

Реклама

“Пациент дошол на интерно одделение донесен со брза помош од Охрид, направени се соодветни инспитувања во интерно одделение. После подобрување на состојбата самоволно се потпишаа да си заминат.Од друга страна има две деца во оддел педијатрија значи биле нивните деца” – вели  Армен Арслани,директор на општа болница Струга

Децата првично примиле соодветна терапија во итната помош во Охрид и од тука биле пренесени во струшката болница каде биле направени лабараториски и други испитувања. После два часа откако им се подобрила здравствената состојба самоволно потпишале и ја напуштиле болницата,вели Арслани.

Од државниот здравствен и санитарен инспекторат за Алфа велат дека во тек е надзор. Во наш домен да видиме дали хотелот имал договор со Центарот за јавно здравје и дали се вршени редови контроли на водата. Последните анализи биле напраевени на 21 ноември кога водата била во ред. Медицинските лица велат дека високи концентрации на хлор можат да бидат и тоа како опасни, да предизвикаат потешкотии во органите за дишње,печење на очите и други здравствени проблеми.

Надлежните органи работат на расветлување на случајот, но неофицијално проблемот со водата од базенот настанал поради дефект во системот за хлорирање.

Росица Голабоска