Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Седум лица лишени од слобода во Скопје и гостиварско кај кои била пронајдена дрога

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. Како што посочуваат од МВР, вчера во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(21) […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.

Како што посочуваат од МВР, вчера во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 12:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Реклама

На подрачјето на Гази Баба во Скопје синоќа во 19:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Утринава во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

На 20.06.2025 во 23:50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Утринава во 00:45 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 20.06.2026 во 17:30 часот во с.Палчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане во гостиварското село Палчиште, го лишиле од слобода Л.С.(21) од с.Долно Палчиште. Откако ги забележал на полициските службеници, тој фрлил едно пакување со марихуана, кое е пронајднео и одземено.

МВР најавува дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.