Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Седница на Судскиот совет, треба да одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Судскиот совет на РСМ денеска ќа ја одржи 528. седница, на која,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на РСМ денеска ќа ја одржи 528. седница, на која, како што е најавено треба да биде разгледано прашањето за начинот на постапување на Советот, за време на изборен процес. 

Претседателот на Судскиот совет  Александар Камбовски, на почетокот на месецов во изјава за медиумите најави дека Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите, посочувајќи дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите. 

-Се уште разговараме со колегите и на првата наредна седница ќе донесеме и соодветна одлука, дали ќе постапуваме, што ќе постапуваме, во која фаза во предметите ќе постапуваме. Внимаваме да не се доведе под сомнение нашата работа или не дај боже да не поврзат со некои политички случувања кои што се во моментот, зошто, како што знаете избори се и голема е опасноста некоја наша одлука да се толкува на тој начин, изјави Камбовски, одговарајќи на новинарски прашања, по свечената изјава пред Судскиот совет на шестмината новозибрани судии во Апелација Скопје.

Реклама

Судскиот совет, според Камбовски, сака периодот на изборите да го искористи за внатрешна мини реформа во поглед на измени на правилникот за оценување на судиите, како и за утврдување на постапка за новинирање судија за Уставен суд.

На дневен ред на 528. седница на Судскиот совет, се и разгледување и усвојување на тримесечни извештаи за работа на судовите (април-јуни 2025 година) и расправа по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.