Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз засега не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден.

Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје Александар Трајановски, потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за проблемот.

-Засега нема повикано седница, ниту од страна на град Скопје, ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот, по преминувањето на Трајко Славески нема претседател на Совет и секоја седница индивидуално се назначува претседател на совет. Засега седница нема закажно, осовено не за точката за која ме прашувате, изјави Трајановски. 

Реклама
Во Скопје утрово има прекин во функционирањето на јавниот градски превоз. Сообраќаат само приватните автобуси, а не и оние на ЈСП „Скопје“. Вработените во ЈСП „Скопје“ за МИА изјавија дека ут

Според извори од ЈСП, најава за прекин на движењето на автобусите на ЈСП заега нема, посочувајќи дека вчера попладне пристигнале околу 20 тони нафта, по десет во двете авто бази кои, како што велат се доволни за вчерашниот и денешниот ден. 

Град Скопје во соопштение од медиумите вчера реагираше дека „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта иако, како што велат има активен договор со ЈСП.

-Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Од Град Скопје, меѓу другото, најавуваат дека за Асмир Јахоски и Пуцко петрол  ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.