Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Седница на ЛЕСС Куманово за гасификација на зоната во Доброшане

Претставниците на Локалниот економско-социјален совет од општина Куманово, денеска одржаа седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставниците на Локалниот економско-социјален совет од општина Куманово, денеска одржаа седница на која ги разгледуваа можностите за гасификација на индустриската зона во село Доброшане, кумановско. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека целта е да се увидат барањата на бизнис заедницата и можностите кои може да ги понуди локалната власт.

– Како локална самоуправа, интенцијата е да се прошири мрежата не само за домаќинствата, туку и во зоните и една од првите е во Доброшане како една од постарите зони, а потоа и во индустриската зона во населбата Карпош и крајно до Речица која е најнова, но и најголема, изјави Ѓорѓиевска.

Компаниите во Индустриската зона Доброшане добиваат реална можност за приклучување на природен гас, откако дистрибутивната мрежа долж трасата кон зоната е целосно изградена, технички испитана и подготвена за употреба, соопшти денеска директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Марко Митровски. Тој наведе дека се извршени сите неопходни тестирања и верификации, а обезбедени се и потребните дозволи за функционирање на системот.

Реклама

Интерес за приклучување од компаниите има, но нивните одлуки ќе зависат од пресметката на трошоците и долгорочната исплатливост. Според Митровски, во зоната има над 50 фирми, од кои со дел веќе се водени разговори. Тие се во фаза на изработка на проектна документација и финални калкулации.

-Клучно беше барањето на компаниите кои сакаа да се приклучат на мрежата. Ги чекаме нивните проектни документации. И граѓаните кои видоа дека почна изградбата се заинтересирани за приклучување, вели Митровски.

Тој нагласува дека гасот е околу 60 денари за метар кубен и е прилично поевтин од други енергенси и ја нагласи важноста од еколошкиот бенефит.

Претставник од бизнис заедницата Тони Димитриевски, кажа дека проширувањето на мрежата е важно за фирмите.

-Ќе се користи за сите индустрии во зоната. Очекуваме да се намалат трошоците за производство, гасот е еден од најевтините енергенси. Бенефит ќе имаме сите и ние и граѓаните, рече Димитриевски.

Ахмет Јашаровски од ЛЕСС и од општина Куманово кажа дека на седницата се разгледува и можноста да се надмине проблемот со притисокот на вода во зоната.

-Ова е целта на ЛЕСС, да им излеземе во пресрет и на компаниите и на граѓаните, изјави Јашаровски.

Локалниот економско-социјален совет – Куманово, во партнерство со МКЦ Битола ја организираше денешната дебата. Инаку, телото функционира како консултативно и советодавно и членуваат претставници од Општина Куманово, организација на работодавци, Сојузот на синдикати, институции, здруженија на граѓани. За претставниците на ЛЕСС особено е значајно што Куманово е најголема општина во државата со извонредна местоположба на крстосница помеѓу двата коридори 8 и 10 и како пограничен град во близина на најголемиот граничен премин во државата Табановце има поголема шанса за отворање и успешен развој на претпријатија и на локалната економија.